Бренд

Потеклото на компанијата

Основање

Нашата компанија е основана во 1994 година со името Шаза Комерц, а во 2002 година беше преименувана во Шаза Транс, и од 2010 година е позната како Урбан План Констракшн, која работи до денешен ден.

Име

Името „Шаза Комерц” е добиено од презимето на сопственикот Шасивари. Во зависност од дејноста, на компанијата и се додаваше и другото прилагодено име, Комерц, Транс, итн., до Урбан План Констракшн.
Промената на име дојде од потребата за проширување и полесно прилагодување на пазарот. Значењето на името кажува дека сè е изградено со план.

Лого

Дизајнирана врз основа на концептот на градежништво. Тоа претставува силуета на некои од изградените објекти, додека кратенката УПК стои за името на компанијата која е добро позната на пазарот.

Слоган

Ние ја градиме иднината - Веќе неколку години нашата компанија преку овој слоган ја потенцира вредноста на своите клиенти. Наша работа е да им го овозможиме најдоброто на нашите клиенти. Ние ја градиме вашата посакувана иднина и тоа претставува успех за нас.