Страста кон работата, изведена со сериозност, точност и високи стандарди ни овозможуваат да воспоставиме искрени, професионални и долгорочни врски со нашите клиенти.
Одразот на успешна работа се рефлектира со достигнувања и награди со кои се стекнува компанијата. УПК, благодарение на сериозна и квалитетна работа, успеа да освои награди кои ја разликуваат од другите компании за постигнатиот успех. Со своето искуство, УПК во 2014 година ја доби наградата „Претприемач на годината“.
Претприемач на годината за 2014 година
На церемонијата што ја одржа Стопанската Комора на Македонија им беа врачени награди на компаниите со најголем успех во различни области. Една од компаниите што доби награда беше Урбан План Констракшн. Присутните претставници на компанијата изразија задоволство за благодарноста за компанијата и ветија дека ќе продолжат да работат за да постигнат понатамошни успеси.
Најдобар рудар на годината
Министерството за Економија го одликува со благодарност Гајур Шахсивари за најуспешен рудар на годината.
Креирање на кредибилитет на пазарот
УПК го има изведено еден од најголемите здравствени проекти во Република Северна Македонија каде работат 18 амбуланти.