За нас

Создадени од вредности, стоиме силно на нозе!

We build

the future

Урбан План Констракшн (UPC) е локална градежна компанија која е активна на пазарот од 1994 година. Компанијата првично беше именувана како Шаза Комерц, а во 2002 година беше позната како Шаза Транс. Компанија најголемата трансформација ја оствари во 2010 година кога го доби името Урбан План Констракшн.
Компанијата првично беше основана со бавни, но со сигурни чекори. Основачи на компанијата беа браќата Шасивари, кои секогаш ја имаа поддршката од родителот. Инвестирањето во квалитетна работа со фокус постигнување на целите на клиентите на компанијата и овозможи да ја стекне довербата на пазарот и нејзината вредност да расте. Како резултат, компанијата се прошири и стана силен конкурент на градежниот пазар.
Овој успех продолжува од година во година кој се докажува преку склучување договори и изведување на важни проекти како во јавниот, така и во приватниот сектор.

Визија

Ние не влијаеме само на квалитетот на вашиот живот, туку ја зајакнуваме и нашата компанија, и затоа како компанија решивме да имаме визија; нашите објекти да бидат сместување и за идните генерации.

Мисија

Да се стигне на врвот на пазарот некогаш беше сон на компанијата, а денес тоа е мисија која ја реализираме чекор по чекор. Нашата работа покажува дека ние сме многу блиску до неа и наскоро, со заслуги, ќе бидеме именувани како водечка компанија во градежниот пазар.

Вредности

УПК од првите чекори знаеше дека компанијата својата вредност ја постигнува врз основа на квалитетот на својата работа и нејзиното управување, затоа и организацијата на структурата и лојалноста која ја создаваме со клиентите се нашите основни вредности.

Денес Урбан План Констракшн работи со капацитет од шеесет работници и триесет машини. Во компанијата функционира и фабрика за производство на градежни материјали, пр. бетон, како и каменолом, а исто така поседува и две хидроцентрали.
Низ сите овие години ние бевме посветени на барањата на нашите клиенти преку обезбедување на висок квалитет и стандард. Клучот на нашиот успех се наоѓа во квалитетни, безбедни и сигурни услуги за градењето на вашата иднина.
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide
  • slide