Детската болница за белодробни заболувања во Козле ќе работи во нов објект. Ова е одлучено од Министерството за Здравство и е подржано од Владата. Овој проект и беше доверен на компанијата УПК која ќе ја изведува изградбата на објектот во првата фаза. Компанијата е убедена дека изградбата ќе биде завршена навремено и дека е избрана вистинската компанија која ги има сите лиценци за изградба со европски стандарди. Министерот за Здравство, Премиерот на земјата и многу други државни службеници учествуваа во поставувањето на камен-темелникот на оваа болница.