Денес во Тетово беше поставен камен-темелник за изградба на градскиот театар и библиотека каде беа присутни високи владини функционери и градоначалници Албанци. Овој значаен и голем проект му беше доверен на компанијата УПК. Компанијата ветува дека овој проект ќе заврши во догледно време и ќе соработува интензивно и со најдобрите соработници за да го подигне овој значаен културен објект за Тетово.