Вицепремиерот Хазби Лика и Министерот за Култура Роберт Алаѓозовски денеска ја посетија зградата на Домот на Културата во Тетово, која е во изградба. Овој голем и многу важен проект за сите граѓани и беше доверен на компанијата УПК како компанија која ги исполнува сите услови за нејзина изградба. Г-дин Лика и министерот беа задоволни од сработеното и порачаа дека работите се завршени навреме и очекуваат компанијата со истата сериозност да стигне до последната фаза.
УПК вети дека ќе даде сé од себе како компанија и е подготвена за понатамошна соработка со државните институции.